GTS е кратенка за Gran Turismo Sport. Од Porsche 904 Carrera GTS од 1963 година, овие три букви имаат посебно значење за љубителите на Porsche. Сега, постои дериват со оваа легендарна комбинација на букви во секоја серија на модели на Porsche. Новиот електричен спортски автомобил кој ја носи оваа кратенка е Taycan GTS. Со досег до 504 km, врз основа на бројките според WLTP, новиот спортски модел е првиот Taycan кој ја проби границата од 500 km.
Volkswagen T-Roc е вистински сеопфатен. Не само што импресионира со својот впечатлив, динамичен дизајн, туку и со неговата флексибилност. Со своите разновидни опции за дизајн, тој ви нуди поголема слобода - слобода за спонтани планови, продолжени патувања и разновидноста на секојдневниот живот.
Ви ја претставуваме новата подобрена верзија на најуспешниот SUV на ŠKODA, новиот KAROQ. Еволуцијата на KAROQ носи значителен број подобрувања во дизајнот, комфорот, одржливите материјали, новите технологии, економичните мотори, врвните безбедносни асистенти и поврзувањето.Со повеќе од 500.000 продадени примероци, KAROQ е еден од носечките модели на ŠKODA. Модернизираната верзија има нов дизајн, подобрена аеродинамика и современи системи за помош и инфозабава.
Ви го претставуваме новиот SEAT Leon. Moќен. Поврзан. Магнетно привлечен. Best Buy Car во Европа за 2021.Новиот Leon е најнапредното возило на SEAT. Еволуцијата на дизајнот е на сосема ново ниво. Со најнапредните верзии на моќните TSI и TDI мотори и целосната поврзаност, Leon е комплетно подготвен да го освои компактниот сегмент. А врвните безбедносни системи значително ја зголемуваат сигурноста и комфорот во возењето.
Иднината е електрична: во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата*. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.
Porsche го лансираше новиот Platinum Edition за одбрани модели на Cayenne. Ова специјално издание на SUV се карактеризира со ексклузивни дизајнерски елементи во сатенска Platinum боја, како и со дополнителна стандардна опрема. Резултатот е особено стилски изглед заедно со атрактивна цена. Достапни се Platinum Edition на Cayenne, Cayenne E-Hybrid и Cayenne S, како и соодветните Coupé варијанти.