Тука можете ги најдете актуелните новости
Audi e-tron GT quattro е голем победник на овогодинешното доделување на World Car наградите за автомобили, кои по 18-ти пат беа доделени во Њујорк. Номиниран во категориите Светски Електричен Автомобил на годината, Светски Автомобил со Високи Перформанси и Светски Дизајн на Автомобили на годината, e-tron GT quattro ја однесе титулата Светски Автомобил со Високи Перформанси на најголемата и најпрестижна церемонија на доделување на нови автомобили во светот, наречена „Оскари на автомобилскиот свет“. Повеќе од 100 авто-новинари од целиот свет темелно ги тестираа автомобилите што се квалификуваа, а потоа гласаа за нив.
Иднината е електрична: во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата*. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.