Тука можете ги најдете актуелните новости
Главната награда ЗЛАТНО ТРКАЛО за Најпосакуван Автомобил во Македонија оди кај Volkswagen ID.4Оваа година, електричниот SUV на Volkswagen се закити со титулата за „Најпосакуван Автомобил во Македонија“ со освоени 38.35% од гласовите. Porsche Taycan ја доби наградата Златно Тркало за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.
Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење. Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Turbo DC полначи со капацитет од 320kW, 3 полначи со моќност од 11kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.