Тука можете ги најдете актуелните новости
Во салонот на Volkswagen во Скопје пристигна новиот T-Roc: Со свеж дизајн, иновативни системи за помош и бројни дигитални услуги, Volkswagen ја продолжува успешната приказна на својот компактен кросовер модел. Изострената надворешност го дефинира непогрешливиот изглед на новиот T-Roc. Внатрешноста е рафинирана со висококвалитетни материјали, редизајниран инфозабавен систем и дигитален кокпит кој доаѓа како стандард. Иновативната технологија од повисоките класи на возила сега е интегрирана во семејството на компактните SUV модели - во облик на IQ.Light, со LED матрични фарови и системите за помош на IQ.Drive со помош за патување, како и предвидлив ACC темпомат.