ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Ви благодариме за вашиот интерес за нашата компанија. Заштитата на вашата приватна сфера при користењето на нашата веб-страница (www.porscheskopje.com.mk) нам ни е особено важна. Поради тоа, подолу детално ќе ве информираме за обработката на личните податоци. Одговорен за заштитата на податоците на нашата веб-страница е Porsche Skopje. При користењето и обработката на личните податоци, Porsche Skopje строго се придржува до конкретно важечките законски одредби за заштита на податоци. Porsche Skopje има право да ги користи личните податоци како анонимни податоци почитувајќи ги подолу опишаните права на засегнатите лица и во законски предвидениот обем.
Со оваа изјава за заштита на податоци, би сакале да ве информираме за начинот, обемот и целта на личните податоци што ние ги прибираме, користиме и обработуваме. Покрај тоа, со оваа изјава за заштита на податоци, на засегнатите лица им се појаснуваат правата што тие ги имаат.
Оваа изјава за заштита на податоци важи само за (www.porscheskopje.com.mk) и за потстраниците што се поврзани со неа, но не за веб-страниците што се контролирани и управувани од трети лица. Ве молиме проверете ги изјавите за заштита на податоци на веб-страниците што се контролирани и управувани од трети лица, бидејќи тие веб-страници не подлежат на наша контрола и Porsche Skopje не е одговорно за нивната содржина и нивните мерки за заштита на податоци.
[1.] Безбедност на податоците
[1.1] Заради заштита на вашите податоци, Porsche Skopje презема технички и организациски мерки, со коишто вашите податоци се штитат меѓу другото од загуба, манипулација или неовластен пристап. Преземените мерки подлежат на редовна проверка и тековно се приспособуваат на најновите технолошки достигнувања. Доколку дојде до повреда на заштитата на вашите лични податоци, којашто предизвикува предвидлив висок ризик за вашите права и слободи, ние ќе ве известиме без одложување и по можност во рок од 72 часа.
[1.2] Ве молиме имајте предвид дека вие сте самите одговорни за безбедното чување и држење во тајност на корисничките податоци или лозинки што ви се дадени или соопштени.
[2.] Користење од малолетни лица
[2.1] Напомнуваме дека се обработуваат лични податоци исклучиво од лица што наполниле 14 години. Користењето на системите и алатките и преку нив вршената обработка на податоците на корисници под оваа старосна граница не е дозволено без одобрување од родител/старател. Доколку сепак се изврши обработка на такви податоци, ние, штом дознаеме за тоа, ќе ја прекинеме обработката.
[3.] Прибирање и обработка на лични податоци
[3.1] Податоци што вие ги ставате на располагање
Ние ги обработуваме личните податоци само во согласност со конкретно важечките законски одредби за заштита на податоци. Доколку вршите кореспонденција со нас или пополнувате формулар на нашата веб-страница, ве молиме имајте предвид дека податоците што сте ги навеле во формуларот ќе бидат обработувани за подолу опишаните цели (в. точка [5.] и [6.]).
[3.2.] Податоци што ние ги прибираме
Кога ја посетувате нашата веб-страница, преку колачиња, технички автоматизирано се прибираат лични податоци. Подетални информации за колачињата што се користат на нашата веб-страница ќе најдете во точка [7.], како и во нашите Насоки за користење на колачиња "cookies".
[4.] Партнери
Porsche Skopje не ги извршува сите обработки на личните податоци, туку има поддршка од професионални партнери, имено Porsche Informatik GmbH со седиште во 5020 Салцбург, Porsche Austria GmbH & Co OG со седиште во 5020 Салцбург, Vivid Planet Software GmbH со седиште во 5302 Хендорф ам Валерзее, коишто работат по налог на Porsche Skopje. Партнерите се избираат внимателно и преку соодветни технички и организациски мерки овозможуваат обработката на вашите податоци да биде во согласност со законските одредби за заштита на податоци, со што се обезбедува почитувањето на вашите права. На партнерите не им е дозволено ним препуштените лични податоци да ги користат за сопствени или комерцијални цели или да ги проследуваат до трети лица.
Покрај тоа, ни Porsche Skopje не врши проследување до трети лица, како на пр. објавувачи на адреси или компании за директен маркетинг.
[5.] Обработки на податоци за коишто не треба одобрение
Подолу во набројувањето, ќе најдете подетални информации за обработките на податоци за коишто не треба одобрение.
Подолу во набројувањето, ќе најдете подетални информации за обработките на податоци за коишто не треба одобрение.
Општ формулар за контакт
*Конкретни полиња за податоци: Текст на прашање, марка, модел на возило, регистарски ознаки, километража, број на шасија, прва регистрација, лице за контакт во фирмата, обраќање, титула, име, презиме, фирма, улица, поштенски број, место, држава, телефон, достапни (од/до), телефакс, е-пошта, форма за контакт, избрана услуга (поправка по незгода/поправка/сервис), посакуван термин (датум/час), тип на клиент (постојан клиент/нов клиент)
Пробно возење
*Конкретни полиња за податоци: модел на возило, посакуван термин, интерес за купување ново возило, форма за контакт, обраќање, титула, име, презиме, поштенски број, место, телефон, е-пошта, текст со прашање.
Веднаш достапни нови возила
*Конкретни полиња за податоци: Интерес за пробно возење, префрлување на ново возило, форма за контакт, обраќање, титула, име, презиме, фирма, улица, поштенски број, место, телефон, достапни (од/до), е-пошта.
Онлајн конфигуратор на возила
*Конкретни полиња за податоци: Интерес за пробно возење, префрлување на ново возило, форма за контакт, обраќање, титула, име, презиме, фирма, улица, поштенски број, место, телефон, достапни (од/до), е-пошта.
Зачувани за подоцна
*Конкретни полиња за податоци: Корисничко име, е-пошта, лозинка, обраќање, титула, име
Онлајн договарање термин за сервис
*Конкретни полиња за податоци: Обраќање, титула, име, презиме, е-пошта
** Конкретни полиња за податоци: Поправка и сервисирање, пакети за лојалност, понуди и акции, лична желба за поправка, предавање на возилото и избран термин, обраќање, титула, име, презиме, телефон, е-пошта, улица, поштенски број, место, држава, марка, модел на возило, број на шасија, регистарски ознаки, прва регистрација
Апликации за работа
*Точни полиња со податоци: Обраќање, титула, име, презиме, датум на раѓање, телефон, е-пошта, националност, поштенски број, место, улица/број, биографија, фотографија, други документи
[6.] Обработка на податоци за кои е неопходна согласност
Porsche Skopje ги обработува личните податоци наведени во точка [3.] за следните цели:
Барање до Сервисниот центар за користени возила
*Точни полиња со податоци: Текст со барање, марка, модел на возило, регистарски ознаки, измината километража, број на шасија, прва регистрација, лице за контакт во сервисот, обраќање, титула, име, презиме, фирма, улица, поштенски број, место, држава, телефон, достапен (од/до), телефакс, е-пошта, формулар за контакт, избрана услуга (поправка од незгода/поправка, сервис), посакуван термин (датум/време), вид на клиент (редовен клиент/нов клиент)
Пријава за билтен
*Точни полиња со податоци: Обраќање, име, презиме, е-пошта, избрана локација
Нарачка на каталог
*Точни полиња со податоци: Модел на возило, пол, титула, име, презиме, фирма, улица, поштенски број, место, овластен дилер, телефон, достапни (од/до), факс, е-пошта
[7.] Колачиња и социјални Plug-ins
[7.1] Податоците ги прибираме автоматски со користење на колачиња. Едно колаче е мала текстуална порака што ги зачувува интернет поставувањата. Речиси секоја веб-страница ја користи оваа технологија. Таа се презема при првата посета на веб-страница од вашиот интернет пребарувач. При следното повикување на оваа веб-страница со истиот краен уред, колачето и информациите што се зачувани во него, или се испраќаат назад до веб-страницата којашто ги креирала (First Party Cookie) или се испраќаат до друга веб-страница на која колачето припаѓа (Third Party Cookie). На тој начин, веб-страницата препознава дека еднаш веќе сте повикувале со овој пребарувач, и во некои случаи варира прикажаната содржина.
[7.2] Повеќе информации за колачињата, што се користат на нашата веб-страница, ќе најдете во нашите Насоки за користење на колачиња "cookies".
[8.] Права на засегнати лица
Може да ви се признаат следните права во врска со обработката на податоците:
[8.1] Право на информација Можете да побарате потврда за тоа, дали и во колкав обем се обработуваат вашите лични податоци.
[8.2] Право на корекција Доколку обработуваме ваши лични податоци коишто се нецелосни или неточни, во секое време можете да побарате корекција односно нивно комплетирање.
Доколку сте креирале корисничка сметка, можете да пристапите до вашите лични податоци во секое време и истите самите да ги коригирате или дополните. Исто така, корисничката сметка можете во секое време да ја затворите.
[8.3] Право на бришење Можете да побарате бришење на вашите лични податоци, доколку повеќе не постои целта за која биле прибрани, доколку постои незаконска обработка, обработката несоодветно навлегува во вашите овластени заштитени интереси или доколку обработката на податоците се заснова на вашата согласност што веќе сте ја отповикале. Но, треба исто така да се земе предвид дека може да постојат и други причини, кои може да го спречат итното бришење на вашите податоци, на пр. законски уредена обврска на чување, тековни судски постапки, остварување, извршување или одбрана на законски права итн.
[8.4] Право на ограничување на обработката Имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци ако
[8.5] Право на пренос на податоци Можете да побарате од нас, да ви ги ставиме на располагање вашите податоци кои ни ги обезбедивте, во структурирана, достапна и машински читлива форма, доколку ги обработуваме податоците врз основа на ваша доделена согласност или за исполнувањето на меѓусебен договор и обработката се врши со помош на автоматизирана постапка.
[8.6] Право на приговор Доколку ги обработуваме вашите податоци за исполнување задачи од јавен интерес, за вршење службена должност или при обработката се повикуваме на потребата од зачувување на наш оправдан интерес, против ваквата обработка на податоците можете да поднесете приговор, доколку постои интерес за заштита на вашите податоци кој преовладува над тоа. Испраќањето реклама можете во секое време без наведување на причините да ја оспорите.
[8.7] Право на жалба Доколку мислите дека при обработката на вашите податоци сме ги прекршиле австриските или европските закони и на тој начин сме ги повредиле вашите права, бараме да стапите во контакт со нас за да ги разјасниме настанатите прашања. Секако имате право и да поднесете жалба кај австриските органи за заштита на податоци односно кај европски надзорен орган.
[8.8] Право на отповикување Сите изјави за согласност коишто сте ги дале можат независно една од друга да се отповикаат во секое време. Отповикувањето има за последица, што од тој момент вашите податоци повеќе нема да можеме да ги обработуваме за целите наведени во изјавата за согласност, а со тоа нема да можете да ги користите правата, поволностите итн.
Овие права можат да се уважат директно во Porsche Skopje преку порака на следната адреса за е-пошта [email protected]. Во случај на сомнеж можеме да побараме дополнителни информации за потврда на вашиот идентитет. Тоа служи за заштитата на вашите права и вашата приватност.
[9.] Измени на изјавата за заштита на податоци
[9.1] Оваа изјава за заштита на податоци последен пат е ажурирана на 21.06.2021. При значителни измени на изјавата за заштита на податоци, на почетната страница на нашата веб-страница се објавува соопштение во период од 30 дена. Се согласувате со прифаќањето на конкретните измени преку продолжување на користењето на нашата веб-страница.
[10.] Податоци за контакт
Одговорен:
Porsche Skopje
bul. Bosna i Hercegovina 4, 1000 Skopje
[email protected]
Ви благодариме
Линк за потврда feedback на newsletter
Линк за потврда за feedback на newsletter